26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ му кажа „збогум“ на електричниот „Golf“ (ВИДЕО)

„Volkswagen“ му кажа „збогум“ на електричниот „Golf“ (ВИДЕО)

„Volkswagen“ го заврши производството на „Volkswagen e-Golf“. Последниот примерок, број 50.401, излезе од монтажната лента во фабриката во Дрезден, каде што моделот се составуваше три и пол години.

Уникатниот производствен комплекс во Дрезден е создаден на почетокот на векот поради предводникот „ Phaeton “. Во 2015-та година, фабриката повторно заживеа, а првично беше претворена во центар за развој на електрични возила и дигитални технологии.

Во април 2017-та година, сепак, започна со производство на електричната верзија на претходната, седма генерација на „Golf“. Моделот користеше електричен мотор од 100 kW и батерија од 35,8 kW/h, што обезбедуваше километража од 200 km со едно полнење

По завршувањето на производството на „e-Golf“, фабриката ќе биде малку обновена така што ќе може да се произвдува моделот „ID.3“, кој е директен наследник на електричниот „Golf“, а ќе започне за неколку недели. Ова ќе биде второ место за производство на моделот во Европа по фабриката во Цвикау.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП