8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВакцината јa принуди американската туристичка индустрија да сонува

Вакцината јa принуди американската туристичка индустрија да сонува

Вакцината против Ковид-19 ја поттикна американската туристичка индустрија да се подготви да ја врати побарувачката по историски тешката година за индустријата.

Вестите за вакцината доведоа до одреден оптимизам во индустријата за „бум“ на пролет и лето, иако процентите остануваат ниски, а заздравувањето на деловните патувања е уште далеку.

„Сè уште никој не се подготвува да отвори шише шампањ“, рече консултантот за патувања Хенри Хартевелд. „Но, во моментот постои надеж дека ќе дојде летото 2021-ва година и туристичката сезона во неа сигурно не само што ќе биде многу посилна од оваа година, туку ќе биде на или над 50% од ситуацијата во 2019-та година“, додаде тој.

„Некои богати патници веќе започнаа да прават резервации за одмор“, рече Џек Езон, управен партнер на „Embark Beyond“, туристичка агенција која им служи на супер богатите. „Клиентите ја преплавија компанијата со барања за големи забави во Европа и Карибите, со некои буџети над 1 милион долари“, рече тој.

Пандемијата ги принуди потенцијалните туристи да чекаат да се приближи датумот на нивното патување и дури потоа да резервираат авионски билети или хотели, давајќи им на овие компании помала предвидливост за нивната способност да ги зголемат цените.

„Секое закрепнување на побарувачката ќе треба да трае уште некое време пред авиокомпаниите да размислат за покачување на цените“, рече Лејси Алис, директор на „Ailevon Pacific Aviation Consulting“ и поранешен извршен директор на „American Airlines Group“.

„Очекуваме следното лето да биде многу подобро отколку оваа година, но не и нормално“, рече Ендру Ночела, главен комерцијален директор на „United Airlines Holdings“. „Сметаме дека 2022-ра година веројатно ќе биде попрофитабилна година“, додаде тој.

На денот кога беше објавена веста за одобрување на вакцината на „Pfizer“ во САД, резервациите во хотелите скокнаа на највисокиот дневен број од почетокот на пандемијата во март, според „RateGain“.

Но, сè уште има други причини зошто закрепнувањето не е брзо. Длабочината на несреќата оваа година е без преседан и ризиците изобилуваат – од неизвесностите околу дистрибуцијата на вакцините до мутациите на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП