19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција продолжува да ја заострува монетарната политика

Турција продолжува да ја заострува монетарната политика

Турската централна банка повторно ја зголеми основната каматна стапка како одговор на постојано високата инфлација и амортизацијата на валутата. Централната банка во четвртокот во Анкара објави дека основната каматна стапка ќе се зголеми за два процентни поени на 17 проценти.

Во ноември, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го смени гувернерот на централната банка среде амортизацијата на националната валута. Новиот гувернер Наџи Агбал веќе ја зголеми основната каматна стапка значително за 4,75 процентни поени во ноември и со тоа се спротивстави на колапсот на валутата. Лирата започна да се опоравува.

Претходно, централната банка на земјата беше позната по избегнување на построга монетарна политика, особено во форма на што е можно повисоки каматни стапки. Ердоган, од друга страна, изврши голем притисок врз централната банка и секогаш се залагаше за ниски каматни стапки.

„Добро беше за турската централна банка да даде малку посилен поттик за каматните стапки отколку што се очекуваше“, рече Кристијан Маџо, раководител на пазарите во развој во „TD Securities“ во Лондон. Според него, ова покажува дека централната банка започнува сериозно да се справува со инфлацијата.

Абгал на функцијата дојде минатиот месец и наследи двоцифрена инфлација, слаба лира и осиромашени девизни резерви. Неговиот прв потег за покачување на каматните стапки најсилен во повеќе од две години до 15% беше во согласност со предвидувањата и успеа да ја стабилизира лирата.

Централната банка сега објави дека ќе ја одржи строгата монетарна политика, додека силните индикатори укажуваат на постојан пад на инфлацијата. Според турскиот завод за статистика (TurkStat), годишната инфлација во ноември изнесува 14,3%.

Турската лира значително се апрецираше во однос на сите главни валути по одлуката. Од друга страна, американскиот долар падна на најниско ниво во однос на лирата од средината на ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП