25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците предупредуваат на 7 симптоми кои со себе ги носи новиот вид...

Британците предупредуваат на 7 симптоми кои со себе ги носи новиот вид на коронавирус

Иако научниците сè уште проучуваат по што точно се разликуваат новите видови на коронавирус, лекарите веќе ги забележале првите разлики во симптомите.

Новиот вид на коронавирус (наречен VUI 202012/01) кој се појави во Велика Британија, но и оние што се појавија во Јужна Африка и Нигерија, покрај тоа што се шират побрзо, се чини дека имаат малку поинакви симптоми од оригиналот.

Британскиот NHS (Национална здравствена служба) предупреди на седум симптоми кои треба да се внимаваат бидејќи тие се почести кај луѓето заразени со новиот, мутиран вид на коронавирус.

Така, покрај веќе добро познатите симптоми како што се треска, сува кашлица и губење на чувство за мирис и вкус, треба да се обрне посебно внимание на симптомите како што се замор, губење на апетит, главоболка, дијареја, конфузија, болки во мускулите и осип.

Ако забележите некој од овие симптоми, треба да се изолирате и да контактирате со вашиот лекар, кој, доколку треба ќе ве испрати на тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП