19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест совети за вашите штедни влогови во банка

Шест совети за вашите штедни влогови во банка

g_stedenje

1.Добро проучете ги рекламите на банката

Без оглед на тоа дали банката се рекламира јавно на медиумите или на влезот во експозитурата, потрудете се да го прочитате и разберете секој збор, особено оние содржини напишани со мали букви.

2.Запознајте се со општите услови на работење

Општите услови на работење го регулираат и орочувањето на депозити, па така се што треба да знаете за условите за орочување на депозити во некоја банка се не наоѓаат тука.Општите услови за работењето на банката се достапни во сите филијали на банката, како и на интернет страницата на банката.

3.Проверете што се случува во случај на предвремено разрочување на депозити

Доколку не сте избрале да штедите каде што е дозволено раскинување на договорот пред  периодот на доспевање, задолжително информирајте се какво влијание ќе има тоа на главницата на депозитот.Ова би требало да спречи непријатни изненадувања доколку вашите орочени средства ви требаат пред истекот на договорот.

4.Проверете со која камата се пресметува депозитот

Каматата која влегува во сите пресметки е номинална каматна стапка.Не заборавајте дека каматната стапка е искажана на годишно ниво.Доколку во понудата каматната стапка на банката е искажана на месечно ниво, побарајте ја од службеникот висината на номиналната каматна стапка на годишно ниво.

5.Проверете дали каматната стапка се менува во текот на орочениот период

Пред да потпишете, добро проучете го договорот за орочување на депозит.Не е добро за клиентот доколку банката го задржува правото да ја менува каматната стапка во текот на орочениот период.

6.Проверете што потпишувате

Клиентот треба барем два пати да го прочита договорот пред да го потпише.На тој начин ќе ги спречи сите грешки и ќе ги елиминира сите сомневања доколку ги има.Со други зборови, побарајте дополнително образложение за сите ставки во договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП