24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се заканува на финансиската безбедност на САД

Трамп се заканува на финансиската безбедност на САД

Претседателот Доналд Трамп стави вето на воениот буџет и сè уште не го одобри економскиот стимул изгласан од Конгресот претходниот ден, но замина за Флорида за Божиќните празници, пишува „Reuters“.

Двете регулативи беа одобрени од конгресмените по повеќемесечни разговори меѓу демократите и републиканците. Текстовите беа усвоени со големо мнозинство. Воениот буџет вреди 740 милијарди долари, а законот предвидува и заострување на санкциите против „Северен поток 2“ и „Турски поток“.

Претседателот во заминување објасни дека проектот не вклучува мерки што се важни за националната безбедност и ги опиша како „подарок за Кина и Русија“.

Законот за одбрана и воениот буџет се одобруваат секоја година без коментар од 1961-ва година, објави „Reuters“. Тоа е апсолутно задолжително за националната безбедност, велат републиканците, и да се осигура дека нацрт-законот ќе добие поддршка од Конгресот и оваа година.

Доколку Трамп го блокира стимулот за американската економија, Соединетите држави ќе се соочат со финансиска криза во време кога земјата се бори со ширење на коронавирусот и масовните хакерски напади.

Ден претходно, тој изненадувачки коментираше на социјалните мрежи дека секој Американец треба да добие 2.000 американски долари, наместо 600-те долари предвидени како стимулации во борбата против коронавирусот. Изјавата беше нова дури и за министерот за финансии на Трамп, Стивен Манучин, додава агенцијата.

Всушност, конгресмените ја одобрија сумата неколку недели пред да дадат зелено светло на пакетот од 900 милијарди долари.

Доколку Трамп не го потпише законот во рок од неколку дена, тој автоматски ќе биде блокиран, бидејќи на 3-ти јануари 2021-ва година, составот на Конгресот ќе биде променет. Пред две години Трамп го предизвика т.н. „исклучување на владата за 35 дена“, лут што буџетот не предвидува повеќе трошоци за оградата на границата со Мексико.

Претседателот на Конгресот, Ненси Пелоси, коментира дека институцијата ќе се состане на 28-ми декември за да разговара за ветото на претседателот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП