28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСахара Групација: Проектот Џумајлија е реален и остварлив

Сахара Групација: Проектот Џумајлија е реален и остварлив

Subrata Roy Sahara-79143

Нема ништо чудно и нереално во проектот Џумајлија, ниту пак има некакви тајни или скриени игри. Овој проект е одличен за Македонија како држава, но и за нас како компанија. Секој обид да се прикаже нешто поинаку во јавноста за нас е ништо повеќе од недостаток на знаење или момент на негирање поттикнат од непознавање на последните новини во делот на земјоделието и млечната индустрија.

Ова се наведува во соопштението на Сахара Групација во врска со тврдењата во Македонија дека проектот Џумајлија не е реален.

– Го добивме договорот со Министерството на земјоделство според сите законски регулативи на меѓународен тендер каде наддавањето и добивањето на тендерот беше целосно транспарентен. Би сакале да појасниме дека за чување на 20.000 грла се потребни само околу 45-50 хектари. За да се намали миграцијата на болести кај грлата, кравите ќе бидат сместени во четири посебни фарми. За изградба на млекарница и фабрика за производство на храна на добитокот потребни ни се помалку од 25 хектари. Остатокот на земјата ќе се користи за производство на храна за добитокот, стои во соопштението на Сахара Групацијата.

Индиската компанија нагласува дека има детален бизнис план за „Џумајлија“, како и експерти кои имаат искуство во менаџирање на слични фарми во САД, Европа и Саудиска Арабија, што го гарантира успехот на овој проект.

– Секој што е заинтересиран може да посети вакви фарми во Шпанија, Турција каде што има слични климатски услови. Други слични фарми може да се видат во САД, во државите Флорида и Тексас, се наведува во соопштението од Сахара Групацијата.

Посочуваат дека ваков тип технологија што планираат да ја имплементираат за овој проект во моментов не постои во Македонија и планираат да донесат најнапредни процеси што постојат во светот во овој сегмент.

Планот на компанијата е со производството на млеко да се намали увозот и да се замени со квалитетно млеко од домашно производство. Следен таргет пазар е Балканскиот регион. Остатокот од млеко ќе биде наменето за извоз во земјите од Среден Исток и Северна Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП