25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата порасна во очекување на договорот за „Брегзит“

Нафтата порасна во очекување на договорот за „Брегзит“

Цената на нафтата расте втор ден по ред, иако тргуваните количини се намалија пред Божиќните празници, пишува „Reuters“. На пазарот влијаат надежите за договор за „Брегзит“ и намалувањето на резервите на нафта во САД.

Европската сорта „Брент“ се тргуваше по 51,58 долари за барел, што претставува раст од 0,3%, додека главната американска сорта ја зголеми својата цена за 0,6% на 48,43 долари за барел. Двата договори за нафта се зголемија за над 2% на крајот на трговската сесија во средата.

Сепак, аналитичарите предвидуваат дека веста за новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија и Јужна Африка, ќе влијае на трговијата.

Податоците на Администрацијата за енергетски информации покажуваат дека во неделата до 18-ти декември, резервите на нафта во САД се намалиле за 562.000 барели на 499,5 милиони барели. Изненадувачки, залихите на гориво исто така се намалуваат – за 1,1 милиони барели на 237,8 милиони барели.

Веста за претстојниот договор за „Брегзит“, кој ќе спречи хаос околу излегувањето на Велика Британија од ЕУ, ја поддржа вредноста на британската фунта во однос на доларот. Ова исто така ја зголемува трговијата со нафта.

Во однос на испораките на Соединетите држави оваа недела, нафтените компании го зголемија производството од платформите за нафта и гас. Ова е тренд во последните пет недели, додава „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП