28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon вработува 5.000 работници

Amazon вработува 5.000 работници

amazon

За интернет гигантот „Аmazon.com“ нема криза. Од компанијата објавија дека ќе вработат 5.000 нови работници.

„Amazon“ е една од ретките компании која континуирано го зголемува својот број на вработени. Во последниве три години таа бројка е зголемена за трипати и моментално во „Amazon“ се вработени 97.000 луѓе. Тие имаат повеќе вработени од „Gооglе“, a само 2.000 помалку отколку во „Microsoft“.

„Да ќе вработиме повеќе од 5.000 нови работници кои ќе ни помогнат во иновациите и грижата за нашите клиенти“, изјави Дејв Кларк потпрестедател за глобалните оперативни работи и корисничка поддршка.

Тој наведе дека во секотрите за управување со операции, корисничка поддршка и испорака, бизнис анализа, пакување и нарачки работат 20.000 работници кои се распоредени во 17 центри ширум Америка и токму во тие сектори „Amazon“ планира да вработи 2.000 нови.

Инаку во вториот квартал од 2013-та година „Amazon“ забележа нето-загуба од 7 милиони долари, а и покрај тоа продажбата е зголемена за 22 проценти во однос на претходната година и изнесува 15.7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП