29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе откажуваат од 4,6 милијарди евра: Го намалуваат ДАНОКОТ за да и...

Се откажуваат од 4,6 милијарди евра: Го намалуваат ДАНОКОТ за да и помогнат на економијата

Долниот дом на чешкиот парламент го одобри предлогот на Владата за намалување на персоналниот данок на доход, обидувајќи се да помогнат во заживување на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Основната даночна стапка беше намалена од 20,1 на 15 проценти, додека највисокиот доход ќе се плаќа 23 проценти од данокот.

Државата ќе изгуби околу 100 милијарди чешки круни (4,6 милијарди евра) за една година, со намалување на даноците.

Долниот дом одобри паушалниот износ на персоналниот данок на доход да се зголеми за 3.000 круни годишно за следните две години.

Предлогот на владата беше изгласан од пратениците на владејачката партија АНО, на премиерот Андреј Бабиш, со помош на десничарската опозиција, додека другата партија на владејачката коалиција, левичарските социјалдемократи беа против, тврдејќи дека предлогот на владата е неправеден за вработените со ниски примања.

Измената на законот за даноци претходно беше одобрена од горниот дом на парламентот, Сенатот.

Претседателот Милош Земан, рече дека нема да стави вето на законот, што значи дека тој ќе стапи на сила во јануари.

Чешката централна банка очекува пад на БДП за 7,2 проценти оваа година, но следната година да порасне за 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП