8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУченичката заедница од гимназијата „Никола Карев“ организира незаборавен настан - ,,Во Карев...

Ученичката заедница од гимназијата „Никола Карев“ организира незаборавен настан – ,,Во Карев од дома”

Ученичката заедница при СУГС гимн. „Никола Карев“ и оваа година традиционално Ве поканува да бидете дел од незаборавен настан ,,Во Карев од дома” кој ќе се одржува непосредно пред новогодишните празници, од 28 декември до 30 декември 2020 година. Оваа година темата е поминување време со блиските, наместо организирање на собири и големи прослави на Новата година. Сакаме да пренесеме порака за добро однесување и почитување на препораките и мерките од Министерството за здравство, а притоа да се покаже дека можеме да се забавуваме и на безбеден начин.

На 28.12.2020 година ќе се реализира хуманитарната акиција чија целна група се социјално  загрозени ученици, деца и младинци. Ќе бидат дистрибуирани новогодишни пакетчиња и новогодишни честитки.

На 29.12.2020 година ќе има турнири во игри на интернет(,,League of legends’’, ,,Шах” и ,,Табла”) и едукативни работилници на теми поврзани со ментално здравје и личен развој.

На 30.12.2020 година ќе има  поетско читање во соработка со иницијативата Култура бета, проекција на краткометражен филм ,,Малечка” од Ана Андонова и интервју со режисерката. Како затварање на настанот ќе има музички настан организиран од Art House Karev на кои ќе настапуваат три бендови.

“Поради моменталната состојба, и неможноста да се дружиме во нашето училиште, сето ова ќе можете да го проследите на нашите социални мрежи – Инстаграм (uz_nikolakarev), Фејсбук (Ученичка Заедница Никола Карев) и Јутуб (Uchenicka Zaednica). Сакаме да упатиме голема благодарност до нашите поддржатели  за кои ќе  објавиме на нашите социјални медиуми”, велат оргнизаторите.

“Каревци максимално се потрудија и дадоа сè од себе да го реализираат овој тридневен настан и покрај лошите услови да поажеме дека сите сме заедно во оваа голема битка и малку да се забавуваме”, додаваат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП