24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Aston Martin“ најави десет премиери

„Aston Martin“ најави десет премиери

Компанијата „Aston Martin“ работи на план што вклучува големи промени во целиот нивен бизнис.

Значи, „Aston Martin“ е решен да ги зголеми профитите, подготвени се за нова ера на електрификација на автомобилите и тие се свесни со што треба да се натпреваруваат и какви се регулативите во врска со емисиите на гасови.

Познат е првиот голем чекор – „Aston Martin“ ќе претстави десет нови модели, поточно деривати на постојните модели, а тоа го потврди директорот на компанијата, Тобијас Моерс.

„Aston Martin DBX“ е приоритет, нивниот прв џип, а во блиска иднина доаѓа уште една нова верзија.

„Aston Martin“ ќе продолжи да зависи од „Mercedes“, тие поседуваат една петтина од компанијата и соработката ќе се продлабочи благодарение на новиот контингент мотори на кои работи „Mercedes AMG“ специјално за „Aston Martin“.

Моерс рече дека не може да ја гарантира иднината на моторите V12 по 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП