25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на ОАЕ ќе се намали повеќе отколку што се очекуваше во...

Економијата на ОАЕ ќе се намали повеќе отколку што се очекуваше во 2020-та

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) оваа година најверојатно ќе доживеат подлабок економски колапс, отколку што се сметаше претходно, а причина за тоа се мерките за справување со пандемијата и пониските цени на нафтата, објави „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) во втората по големина економија во арапскиот свет се очекува да се намали за околу 6% во 2020-та година во споредба со претходната прогноза за пад од 5,2%, соопшти централната банка во својот квартален преглед. Економијата се очекува да порасне за 2,5% во 2021-ва година.

Изгледите се малку подобри од предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд, кој годинава очекува пад од 6,6%. Ова ќе биде прва контракција на економијата на ОАЕ од 2009-та година, кога БДП-то падна за 5%, според податоците на ММФ.

„Како извозник на нафта, ОАЕ најверојатно ќе ги почувствува ефектите на намалената глобална побарувачка за оваа стока поради намалувањето на глобалната економска активност, вклучително и транспортот и меѓународните патувања“, се вели во извештајот на централната банка.

Просечното производство на нафта годинава е 2,8 милиони барели дневно.

Производството на нафта следната година се очекува да остане непроменето како резултат на падот на производството на „ОПЕК +“. Оваа година, производството на сурова нафта падна за 4,1 проценти на годишно ниво во вториот квартал и 17,7 проценти во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП