29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ќе издаде обврзници во вредност од 62.9 милијарди евра во 2021-ва

ЕК ќе издаде обврзници во вредност од 62.9 милијарди евра во 2021-ва

Европската комисија (ЕК) ќе издаде обврзници во вредност од 62.9 милијарди евра во 2021-ва година.

Од плановите на Брисел станува јасно дека ќе има емисии според три од постојните програми, вклучително и „SURE“ за поддршка на краткорочни шеми за заштита на работните места во ЕУ.

Обврзници исто така ќе бидат издадени во рамките на Европскиот фонд за финансиска стабилност (EFSM) за да ги рефинансираат обврските на две земји на Заедницата, како и според шемата за макро-финансиска поддршка, чија цел е борба против ширењето на коронавирусот во трети земји.

Според „EFSM“, Ирска и Португалија добија финансиска поддршка за реформите во периодот 2011-2014 година. Во 2015-та година, на Грција и беше доделено краткорочно позајмување, додаде Брисел во соопштението за јавноста. Овој фонд може да се користи повторно, иако е формиран Европски механизам за стабилизација за поддршка на земјите од еврозоната.

Се очекува главниот дел од евро-акцијата да биде издаден во првата половина на следната година.

Во 2021-ва година ќе бидат издадени првите обврзници според шемата „NextGenerationEU“, со кои се финансираат мерки за надминување на коронакризата. Ова најверојатно ќе се случи во средината на годината, според Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП