вторник, март 2, 2021
2 °c
Skopje
6 ° вто
7 ° сре
7 ° чет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 14,174.54 0.84%    GRNT 1,280.00 -1.54%    KMB 7,919.56 2.88%    MPT 71,000.00 0%    OKTA 3,500.00 -0.03%    RMDEN19 99.50 0%    TNB 19,999.00 2.11%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и значително намалување на дефицитот на среден рок

декември 21, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и значително намалување на дефицитот на среден рок
20
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Економијата се проектира да расте со стапки 4 – 5% од БДП во следните 5 години или двојно повисоки во однос на изминатиот период, додека буџетскиот дефицит или јазот помеѓу приходите и расходите ќе се намалува до 2% од БДП во 2025 година, односно ќе биде под Мастришкиот критериум. Ова е наведено во првиот среднорочен буџет кој вчера беше усвоен во Собранието. Како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими при носење на буџетот, фокус во 2021 година ќе биде здравјето на граѓаните, економијата и структурните реформи. 

-Буџетот има три главни приоритети – здравство, економија и зачувување на стабилноста на работните места, владеење на правото и интеграции. Буџетот е прецизен, егзактен, содржи развојна компонента. Капиталните инвестиции се 26,2% повисоки од актуелниот буџет, 3,4% од БДП или просек кој во подобрите години го имаше нашата земја. За здравството имаме 100 милиони евра повеќе во однос на 2019 година или 40 милиони евра во однос на тековната година. Во образованието имаме зголемување на капиталните инвестиции четирикратно. – посочува министерот за финансии Бесими.  

Буџетот за догодина е буџет за заздравување од кризата предизвикана од Ковид-19, но и поставување на основи за забрзан економски раст во следниот период, посочи вчера министерот за финансии. Буџетот се базира на три платформи: A.Фискална консолидација, која до 2025 година треба да го сведе буџетскиот дефицит на 2%, или под Мастришкиот критериум, Б.Стратегија за заздравување и забрзан економски раст, која треба да го удвои растот во следниот период со стапки од 4-5% и C.План за јавни инвестиции 2021-2025, во насока на зголемување на учеството на инвестициите во вкупните расходи и подобрување на нивната реализација. Во буџетот има издвоено средства за поддршка и на граѓаните и на стопанството, така за: здравство има издвоено 664 милиони евра, социјална заштита 1,47 милијарди евра, образование 465 милиони евра, а за развој на економијата 1,141 милијарди евра. 

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3% повисоки во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година. Со тоа буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9%, или скоро двојно пониско во однос на оваа година. Преку политиките за фискална консолидација се очекува секоја година буџетскиот дефицит постепено да се стеснува, така што во 2022 тој е проектитран на -3,8%, во 2023 -3,2%, во 2024 -2,9% и во 2025 година -2% и ќе биде под Мастришкиот критериум од -3% од БДП.

Стратегијата за заздравување и забрзан раст која се темели на четири столба:  економско заздравување од Ковид-19,забрзан, одржлив и инклузивен раст, зголемување на конкурентноста и вмрежување во глобалните синџири на добавување и инвестирање во човечки капитал. Првиот столб, Економско заздравување од Ковид-19 ги опфаќа приоритетите – заштита на здравјето на граѓаните и социјална заштита на најзагрозените категории од општеството и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места. Вториот столб – Забрзан, инклузивен и одржлив економски раст се фокусира на добро управување (владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите), фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност, локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина, зелена економија и дигитализација на економијата и јавните услуги, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности. Третиот столб – Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор фокусот се однесува на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири на создавање на вредноста, подобрување на деловното окружување и сузбивање на сивата економија, подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите и модернизација на земјоделството. Во четвртиот столб – Развој на човечките ресурси и еднакви можности опфатени се развој на човечките ресурси (образование, наука и здравство), поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности.

Согласно ова, проекциите на среден рок се дека растот ќе се удвои во следниот петгодишен период и тоа 4,6% раст во 2022, 5,2% во 2023, 5,6% во 2024 и 5,9% во 2025 година. Во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75% годишно.  

Тагови: бесимибуџетдефицитекономија
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Нови 129 заразени и 22 починати од коронавирус во Македонија

Следна Објава

Европската комисија ја одобри вакцината на „Фајзер“

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

„Toyota Yaris“ e европски автомобил на годината!
АВТОБИЗ

„Toyota Yaris“ e европски автомобил на годината!

март 2, 2021
66

Новата генерација на „Toyotа Yaris“ е прогласена за европски автомобил на годината за 2021-ва година, на второт место се најде...

Прочитај повеќе
„Централ бенкинг“: Народната банка води сметка за ангажирање квалитетни кадри и постојано вложува во нивните знаења
ЕКОНОМИЈА

„Централ бенкинг“: Народната банка води сметка за ангажирање квалитетни кадри и постојано вложува во нивните знаења

март 2, 2021
9

Споредбената анализа на еден од водечките информативни сервиси за централно банкарство и финансии во светски рамки, „Централ бенкинг“, открива дека...

Прочитај повеќе
Пристигнува „ѕвер“: Наскоро телефон со 18 GB RAM
ТЕХНОЛОГИЈА

Пристигнува „ѕвер“: Наскоро телефон со 18 GB RAM

март 2, 2021
24

„Asus“ се очекува наскоро да го претстави својот нов гејмерски телефон – „Asus ROG 5“. Некои детали за овој модел...

Прочитај повеќе
Кина реализира рекордни инвестиции во науката и развојот
ЕКОНОМИЈА

Кина реализира рекордни инвестиции во науката и развојот

март 2, 2021
13

Инвестициите на Кина во наука и развој ќе се зголемат за 10,3% на 2,44 трилиони кинески јуани (378 милијарди долари)...

Прочитај повеќе
Детали за секоја вакцина против коронавирусот
СВЕТ

Детали за секоја вакцина против коронавирусот

март 2, 2021
59

Бидејќи има голема конфузија околу вакцините против коронавирусот Ковид-19 од разни производители, решивме да ви претставиме сликовито детали од секоја...

Прочитај повеќе
Кој е човекот кој си исплатил најголема годишна плата досега во Велика Британија
ЕКОНОМИЈА

Кој е човекот кој си исплатил најголема годишна плата досега во Велика Британија

март 2, 2021
30

Сер Крис Хон, менаџер на хеџ фондот Children’s Investment (TCI), минатата година си исплатил 479 милиони долари откако неговиот фонд...

Прочитај повеќе
Хотели- Метропол А.Д. со загуба ја заврши 2020 година
КОМПАНИИ

Хотели- Метропол А.Д. со загуба ја заврши 2020 година

март 2, 2021
174

Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- декември 2020 година во своето работење оствари негативен финансиски резултат на износ од...

Прочитај повеќе
Фершпед АД Скопје за 2020 година оствари добивка од 67,5 милиони денари
КОМПАНИИ

Фершпед АД Скопје за 2020 година оствари добивка од 67,5 милиони денари

март 2, 2021
53

Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2020 година оствари оперативна добивка во износ од 67.453 илјади денари  искажана во неревидираниот...

Прочитај повеќе
Фабрика Карпош прокнижи добивка од 26,8 милиони денари за 2020 година
КОМПАНИИ

Фабрика Карпош прокнижи добивка од 26,8 милиони денари за 2020 година

март 2, 2021
44

Фабрика Карпош А.Д Скопје за период од Јануари-Декември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на...

Прочитај повеќе
Од денеска повисоки цени на горивата
ЕКОНОМИЈА

Од денеска повисоки цени на горивата

март 2, 2021
250

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Toyota Yaris“ e европски автомобил на годината!

„Toyota Yaris“ e европски автомобил на годината!

март 2, 2021
„Централ бенкинг“: Народната банка води сметка за ангажирање квалитетни кадри и постојано вложува во нивните знаења

„Централ бенкинг“: Народната банка води сметка за ангажирање квалитетни кадри и постојано вложува во нивните знаења

март 2, 2021
Пристигнува „ѕвер“: Наскоро телефон со 18 GB RAM

Пристигнува „ѕвер“: Наскоро телефон со 18 GB RAM

март 2, 2021
Кина реализира рекордни инвестиции во науката и развојот

Кина реализира рекордни инвестиции во науката и развојот

март 2, 2021
Детали за секоја вакцина против коронавирусот

Детали за секоја вакцина против коронавирусот

март 2, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    Како изгледа куќата која Мајк Тајсон му ја продаде на 50 Сент кога банкротираше (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Руски научници работат на вакцина против коронавирус која може да штити 13 до 17 години

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Денеска започна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол – „Верна – една и единствена“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Пристигна „Volkswagen Golf GTI Clubsport 45“ во ограничена серија (ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ТАВ објавува: Меѓународниот Аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во европа во неговата големина и за најдобри хигиенски мерки во европа за 2020 година

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 02.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 02.03.2021

март 2, 2021
612
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
2.2k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
600

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Европската комисија ја одобри вакцината на „Фајзер“

Европската комисија ја одобри вакцината на „Фајзер“

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани