20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВештачката интелигенција гледа што не можат лекарите и ги спасува најтешките пациенти...

Вештачката интелигенција гледа што не можат лекарите и ги спасува најтешките пациенти со Ковид-19

Она што лекарите брзо заклучија, благодарение на податоците од системот, е дека истиот третман не дава исти резултати кај секој пациент.

За време на пролетниот дел од пандемијата на коронавирусот, Шпанија беше една од најтешко погодените земји во Европа, а можеби и во светот. Илјадници луѓе завршија на болничко лекување, а лекарите даваа се од себе за резултатите од лечењето да бидат успешни.

Но, тие не беа сами во тоа лечење. Клиничката болница во Барселона разви алатка за машинско учење кое може успешно да предвиди кога на пациентот кој боледува од Ковид-19 ќе се влоши состојбата и што да се направи за да се избегне фатален исход.

Кога имате само еден пациент кој е во критична состојба, можете да обезбедите посебна нега. Но, кога имате 700 од нив, потребна ви е алатка како оваа, истакна докторката специјализирана за инфективни болести, Каролина Гарсија-Видал, која го води овој проект.

Дури и пред пандемијата, болницата работеше на програма која ќе ги претвори податоците во значајни анализи. Но, кога пациентите со Ковид-19 почнаа да пристигнуваат во март, тие го прилагодија системот за да ги анализира купиштата податоци што пристигнуваат од 2.000 критични пациенти. Идејата била да се научи системот да препознава примери и да го најде најдобриот третман за секој пациент.

Она што лекарите брзо заклучија, благодарение на податоците од системот, е дека истиот третман не дава исти резултати кај секој пациент.

Тие продолжија да развиваат систем заснован на вештачка интелигенција за да добијат приказ во реално време на ситуацијата, заедно со предлози за терапија, што на крајот стана секојдневна алатка за шпанските лекари. Алатката им овозможува да ги класифицираат пациентите и да им понудат персонализиран третман.

Никој сè уште не го сторил тоа, посочува Гарсија-Видал, додавајќи дека алатката се покажала како исклучително корисна бидејќи има точност од 90 проценти. Особено е корисно за лекари кои немаат доволно искуство или специјализираат за други области освен третман на пациенти кои страдаат од Ковид-19.

Со оглед на тоа што алатката се покажа како исклучително корисна, како за време на првиот, така и за време на вториот, есенски бран на пандемијата, се планира да се понуди и на други болници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП