19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск ја зголеми вредноста на ривалот на БИТКОИН за 20% со...

Илон Маск ја зголеми вредноста на ривалот на БИТКОИН за 20% со само еден збор

Она што започна како шега и пародија на тема криптовалути инспирирано од смешното интернет – „меме“, прерасна во вистинска криптовалута, а откако оваа валута стана тема на твитовите на Илон Маск, нејзината вредност скокна за 20%.

Извршниот директор на Тесла вчера објави твит на Twitter во кој се пошегува со биткоинот, па во еден момент го спомна „Dogecoin“, пишувајќи во твитот „Само еден збор: Доџ“.

One word: Doge

– Elon Musk (@elonmusk) 20 декември 2020 година

Овој твит ја зголеми вредноста на Dogecoin за 20 проценти и го вклучи во најбараните термини на Twitter. Технолошкиот милијардер отиде чекор подалеку, па во својата биографија на оваа социјална мрежа додаде дека тој е и поранешен директор на Dogecoin, пишува Си-Ен-Ен.

Маск твитна за Dogecoin откако биткоинот ја достигна највисоката вредност досега, достигнувајќи 24.000 долари.

Dogecoin е создаден во 2014 година како пародија на популарното интернет-меме „Doge“, која вклучуваше слика на куче. Иако виртуелната паричка е создадена од шега, таа во моментов има пазарна вредност од скоро 570 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП