26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„VW Tiguan eHybrid“ со 245 „коња“

„VW Tiguan eHybrid“ со 245 „коња“

„Volkswagen“ ја комплетираше палетата на „Tiguan“ со нова „plug-in“ хибридна верзија.

Станува збор за автомобил кој за погон користи 1,4 литарски TSI и електромотор. За пренесување на моќноста на тркалата е избран 6-степен автоматски менувач.

Вкупната комбинирана моќност на погонскиот систем достигнува 245 ks (180 kW), додека максималниот вртежен момент од 400 Nm е достапен во режимот на возење „GTE“.

Кога надворешната температура е под -10 ° C, погонскиот систем е поставен прво да го вклучува електричниот мотор, а „Tiguan eHybrid“ може да помине и до 50 km само на електрична енергија.

Литиум-јонската батерија се наоѓа во подот на возилото, помеѓу предната и задната оска. Покрај домашниот штекер, може да се полни и на полначи од 2,3 или 3,6 kW.

Батеријата делумно се полни со помош на системот за обновување на енергијата на сопирачките.

Автомобилот доаѓа стандардно со 17-инчни алуминиумски тркала, шини на покривот, тризонски автоматски „клима уред“, дигитална табла со инструменти, мултифункционален управувач обвиткан во кожа со рачки за рачно менување на степенот на пренос, систем за автоматско сопирање во случај на опасност, сензори за паркирање напред и назад…

Почетната цена на „Volkswagen Tiguan eHybrid“ во Германија е 42.413 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП