26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија одобри рекорден буџет за 2021-ва од над 1 трилион долари

Јапонија одобри рекорден буџет за 2021-ва од над 1 трилион долари

Јапонската влада одобри рекордно висок буџет за следната фискална година, кој надминува 1 трилион долари и додава дополнителна тежина на најголемиот државен долг во развиениот свет, бидејќи премиерот Јошихиде Суга ја продолжува својата коронакриза, започната од неговиот претходник Шинзо Абе, и има за цел да го зајакне закрепнувањето на економијата.

Јапонскиот буџет за фискалната 2021-ва година го опишува вкупното трошење од 106,6 трилиони јени за 12 месеци почнувајќи од следниот април, што е за 3,8% повеќе од првичниот буџет за тековната фискална година, потврди Министерството за финансии на земјата.

Тековните трошоци може да се зголемат за многу повеќе, со оглед на веројатноста за гласање на дополнителни буџети, од кои три беа подготвени оваа година во услови на штета предизвикана од пандемијата, додавајќи 73 трилиони јени до вкупните трошоци.

„Моравме да балансираме помеѓу спречување на нови случаи, економско закрепнување и фискална консолидација“, рече министерот за финансии Таро Асо, додавајќи: „Овој акт за балансирање беше најтешкиот дел од составувањето на буџетот“.

Пандемијата на коронавирусот ја принуди Јапонија да го зголеми и онака огромниот долг откако издавањето на нов долг достигна рекордно ниво во оваа година. Дури и пред да се изгласа третиот ребаланс на буџетот во минатата недела, Меѓународниот валутен фонд (МАЕ) објави дека јапонскиот државен долг достигна 266% од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) во оваа година со буџетски дефицит од 14,2% од БДП-то.

Од новиот буџет за фискалната 2021-ва година 66,9 трилиони јени се наменети за вкупно трошење, вклучувајќи околу 35,8 трилиони јени за социјално осигурување; 5 трилиони јени за финансирање за коронавирусот; 23,8 трилиони јени за сервисирање на државниот долг и 16 трилиони јени, кои ќе бидат насочени кон регионалните и локалните власти.

Во однос на приходот, издавањето обврзници се планира да се искачи на највисоко ниво од глобалната финансиска криза во периодот 2008-9-та година. Овој приход ќе се зголеми на 40,9 проценти од вкупниот приход, во споредба со 31,7% во 2020-та година.

Министерството за финансии планира да понуди државни обврзници во вредност од 236 трилиони јени во следната фискална година.

Владата очекува 57,4 трилиони јени да доаѓаат од даночните приходи, додека 43,6 трилиони јени треба да дојдат од новите емисии на државни обврзници. Уште 5,6 трилиони јени ќе биде додадени преку други извори, соопшти Министерството за финансии.

Претходно овој месец, кабинетот на Суга објави дополнителни стимулации од над 700 милијарди долари, делумно финансирани од буџетот за следната фискална година. Пакетот има за цел да ги ублажи ефектите од коронавирусот, истовремено поддржувајќи ја економијата на нејзиниот пат кон закрепнување.

На последниот состанок, Јапонската централна банка го прошири пакетот мерки насочени кон олеснување на финансирањето на претпријатијата за шест месеци и ги задржа нејзините клучни каматни стапки и набавки на средства непроменети, комбинација што ја очекуваат повеќето економисти. Така, како што се очекуваше, Банката ја задржа краткорочната каматна стапка непроменета на -0,1% и ја потврди својата цел да го ограничи приносот на 10-годишните државни обврзници на околу нула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП