29 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРА20 работи кои 20-годишните не ги знаат!

20 работи кои 20-годишните не ги знаат!

young1

20-годишните луѓе си дозволуваат грешки. За тоа Џејсон Назар од „Форбс“ одлучи да им помогне на денешните 20-годишни и им даде некои насоки од своето сопствено искуство:

Времето е стока, која се исцрпува.

Кога имаме 20 години ние мислиме дека го имаме сето време на светот. Многу млади луѓе си го губат времето. Еден ден ќе сфатите дека сте имале можности кои сте пропуштиле, а веќе нема да имате време да ги вратите.

Талентирани сте, но талентот е преценет.

За талент нема награди, туку за резултати. Без труд, талентот не ви чини колку што мислите.

Трошете за 25 проценти помалку отколку што заработувате.

Ако имате заштеди, ќе имате помалку стрес и ќе имате капитал кој еден може да инвестира во нешто вредно. Не живејте од плата до плата!

Репутација е бесцена.

По некое време ќе дознаете дека една од највредните работи во бизнисот е доброто име. За тоа што и да се случува – не правете компромиси со него.

Најпродуктивните сте утро.

„Кога бев млад често седев во канцеларија до 3 наутро и дури се гордев со тоа. Денес сакам да си легнам рано и да станам рано, затоа што знам дека утринските часови се најпродуктивните“.

Социјалните мрежи не се стабилна работа.

Денес може работата да зависи од социјалните мрежи, но по 5 години работите може да бидат сосема различни.

Користете го телефонот.

Не се кријте зад тастатурата. Најдобар бизнис се прави при личен контакт – лице во лице или по телефон. Младите денес гледаат на телефонот, како на последното средство за комуникација. Кога ќе престане интернетот, тие дури си заминуваат од канцеларија, бидејќи според нив така не можело да се врши работа.

Бидете првиот кој пристигнува во канцеларијата и последниот, кој си заминува.

Овој совет се дава на секој кој започнува нова работа. Вие не сте во еднаква позиција со другите – треба да се докажувате повеќе од нив.

Покажувајте иницијатива.

Никогаш нема да сте понапред, ако чекате некој да ви каже што да правите. Ако сте на принципот „никој не ми кажа да го правам тоа, па ќе си траам“, нема да се издигнете.

Преземете одговорноста за своите грешки.

Рано во својата кариера ќе правите грешки – сите прават. Но кога тоа се случи, не се чудете со што да се оправдате. Кога ќе погрешите – превземете одговорност и сте ја научиле лекцијата.

Ќе имате строги шефови кои ќе ви го „скршат газот“ од работа.

Пример за тоа е Мерил Стрип во „Ѓаволот носи Прада“. Таа беше зло шеф со надмоќен карактер, но ако се сеќавате, хероината Ен Хатавеј научи многу благодарение на работата токму во таквиот строг шеф.

Не е добро да се менува често работата.

Ако во резимето си имате нова работа секоја година, тоа значи дека можеби сте несериозни. За апсорпција на вештини во една професија се бараат околу 2-3 години. Дајте си го тоа време.

Луѓето се поважни од погодностите.

Многу луѓе кога избираат работно место, гледаат што нуди компанијата како погодност. Сепак поважно е со какви луѓе ќе работите и каква ќе биде атмосферата.

Ќе треба да правите работи кои не ви се допаѓаат.

Работата може не секогаш да е пријатна, но се фокусирајте за крајната цел.

Зборувајте.

Ако имате проблем на работа поставете го прашањето отворено. Многу луѓе прават грешка да се жалат и да озборувањето крај автоматот за кафе, но во салата за состаноци не велат ништо.

Подобрете ги техничките вештини.

Некогаш под вештини за работа со компјутер беше доволно да се напише само „Microsoft Office“. Денес сепак впечаток оставаат „CV“-та во кои фигурираат: „Photoshop“, „HTML / CSS“, „iOS“, „WordPress“, „Adwords“, „MySQL“, „Balsamiq“, „advanced Excel“, „Final Cut Pro“, без разлика за каква позиција аплицирате.

Градење мрежа од контакти.

Понекогаш тоа кого познавате е од големо значење. Градете врски со луѓето, настојувајте да сте во добри односи со многу професионални контакти.

Имате потреба од ментор.

Можете да сте талентирани и вредни луѓе, но ќе постигнете повеќе, ако имате т.н. „ментор“, кој ќе ве води.

Имајте бизнис идол кој ќе ве инспирира.

Сигурно има некој познат човек, на кого му се восхитувате – Бил Гејтс, Стив Џобс, Ричард Бренсон? Во тешките моменти запрашајте се што би направил тој во таков момент? Сигурно не би се откажал, а би нашол веднаш излез од ситуацијата.

Прочитајте повеќе книги.

Денешната генерација како да е програмирана да гледа само информации во 140 карактери. Во книгите можете да најдете многу мудрости, бидејќи пред што и да се соочиме во животот – пред нас имало други луѓе со слични проблеми и секако многу од нив се опишани во книгите. Прочитајте барем по една книга месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП