27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi Q9“ пристигнува во 2022-ра година

„Audi Q9“ пристигнува во 2022-ра година

Германскиот производител „Audi“ сè уште официјално не го признава развојот и претстојното лансирање на својот најголем теренец – „Q9“, но веќе е познато дека компанијата го задржа брендот. Се тврдеше дека моделот ќе биде претставен на крајот на 2020-та година, но тоа никогаш не се случи.

Според „Motor.es“, проблемите со коронавирусот го забавиле проектот, но работата на него продолжува. Шпанското издание дури ја објави својата визија за тоа како ќе изгледа автомобилот, а направен е врз основа на прототипови откриени за време на тестовите.

Најновите информации укажуваат на тоа дека „Audi Q9“ ќе дебитира во 2022-ра година. Се базира на сегашниот „Q7“, но во однос на димензиите, идниот предводник на сите теренци на марката ќе го надмине „Bentey Bentayga“. Моделот ќе биде достапен во 3 варијанти – со ред седишта (7 на број), со два реда (5 места), како и во луксузна модификација со 4 места (2 + 2), така што ќе може да се натпреварува со „BMW X7“ и „Mercedes-Benz GLS-Class“.

Под хаубата на идниот „Q9“ ќе биде сместен познатиот 4,0-литарски битурбо V8, кој развива 600 ks. Предвидени се и модификации со хибриден погон. Засега, сепак, не е јасно дали „Audi“ има намера да понуди верзии „S“ и „RS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП