3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на Сименс ќе биде разрешен поради лоши финансиски резултати

Шефот на Сименс ќе биде разрешен поради лоши финансиски резултати

pl

Германскиот индустриски конгломерат Сименс објави дека ќе го разреши извршниот директор Петер Лиошер, кој не успеал да ја подобри состојбата на компанијата.

Овој 55-годишниот Австриец на функцијата беше од 2007 година. Одлуката не е изненадувачка, откако во четвртокот компанијата објави предупредување за профитот.

Оттогаш германските медиуми заговараат смена на Лиошер од функцијата.Овој индустрискиот гигант има речиси 370.000 вработени ширум светот и над 78 милијарди евра промет за минатата година.

Преку соопштение Сименс синоќа информираше дека на седницата на 31 јули надзорниот одбор на компанијата ќе донесе одлука за очекуваното разрешување на извршниот директор.

Не се споменува името на можниот кандидат за местото на Лиошер. Меѓу производите на Сименс се и возови, турбини за ветер и медицинска опрема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП