20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоденденска желба на Папата: Вакцина за најсиромашните

Роденденска желба на Папата: Вакцина за најсиромашните

Папата Франциско, кој дискретно го прослави својот 84 роденден, повторно упати апел до земјите да гарантираат за „најсиромашните“ пристап до вакцината против коронавирус.

„Го повторувам својот апел до политичките функционери и приватниот сектор, да усвојат соодветни мерки за гарантирање на вакцините против Covid-19 и неопходната технологија за помош на болните и сите оние кои се сиромашни и ранливи групи“, напиша тој во говорот подготвен за 1 јануари, Денот на мирот кој е моментално објавен.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој годинава избра да ја брани „културата на грижа за другите“, изрази жалење за „различните форми на национализам, расизам, ксенофобија, војни и конфликти, што шират смрт и уништување“, велејќи дека „за жал, тие земаат замав”.

Тој рече дека треба да се потсетиме на почитувањето на хуманитарното право, особено во време кога војните и конфликтите се менуваат без прекин.

„За жал, многу региони и заедници веќе не се сеќаваат на времето кога живееја во мир и безбедност“, а гладот ​​се вкорени таму каде што некогаш не беше познато.

Папата предложи сите средства наменети за воени трошоци да бидат вложени во светскиот фонд за конечно искоренување на гладот ​​и за развој на најсиромашните земји.

На неговиот роденден, кој беше „обележан многу едноставно“, според неговиот портпарол, папата Франциско испратил четири респиратори во Венецуела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП