28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги заменува камионите со товарни возови

Германија ги заменува камионите со товарни возови

Европската комисија (ЕК) ја одобри германската шема за унапредување на товарниот железнички транспорт, објави Брисел. Според оваа иницијатива, Германија ќе потроши 200 милиони евра во следните пет години (2021 – 2025).

Целта е да се намалат емисиите на јаглерод диоксид и да се реализира она што е напишано во „Зелениот договор“.

Според оваа шема, до 50% од проектите за изградба на пруги и друга инфраструктура што промовираат интермодален транспорт ќе бидат финансирани од државата.

ЕК проценува дека овие планови не ги кршат европските правила за доделување државна помош. Тие ќе помогнат да се спроведат еколошките политики и да се поддржи железничкиот транспорт, кој помалку загадува од патниот сообраќај.

2021-ва година ќе биде година на железничкиот транспорт во ЕУ. Европскиот совет и Европскиот парламент се согласија за главните случувања околу овие планови и го претставија овој начин на транспорт како „зелен, удобен и безбеден начин за патување“.

Според „Statista“, во последните години стоката што се превезува со железница во Германија се намалува. Во 2019-та година беа реализирани 113 милијарди тон-километар, во споредба со скоро 130 милијарди во 2018-та година. Извршената работа, измерена во тони-километри, одговара на транспорт на еден тон товар на железничка пруга на растојание од еден километар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП