3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот руши рекорди

Биткоинот руши рекорди

Биткоинот денеска достигна историски рекорд. CNBC известува дека оваа криптовалута ја надмина границата од 23.000 американски долари, која забележа повеќе од тројно зголемена вредност оваа година.

Највредната дигитална валута во светот порасна за 12% до 23.421 долари, според податоците на Coin Metrics, зголемувајќи го својот профит на повеќе од 200%. Биткоинот во средата ја проби границата од 20 000 американски долари.

Нешто подоцна, вредноста на биткоинот падна на околу 22,600 и во моментов, според податоците на Coindesk, со оваа валута се тргува на 22,710 долари.

Инвеститорите во криптовалути укажуваат на зголемена побарувачка, ставајќи го биткоинот како заштита од инфлација исто како и со златото во услови на невиден стимул за економијата на САД поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Во неодамнешната белешка на JPMorgan тврди дека ваквиот апетит на инвеститорите ќе ги зголеми приливите во фондовите кои го следат биткоинот на штета на златото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП