18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдравствените работници кои работат со ковид-пациенти ќе бидат наградени по 30.000 денари

Здравствените работници кои работат со ковид-пациенти ќе бидат наградени по 30.000 денари

Министерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид-пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

„Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид-пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари“, потенцираше Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП