Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност кои во текот на денот ќе се намалат.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

