23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот достигна рекордна вредност: Инвеститорите ги селат инвестициите во дигиталната валута

Биткоинот достигна рекордна вредност: Инвеститорите ги селат инвестициите во дигиталната валута

Биткоинот достигна рекордна вредност, бидејќи за прв пат во историјата го надмина нивото од 20 000 американски долари, како резултат на растот на побарувачката кај институционалните инвеститори за оваа дигитална валута.

Највредната виртуелна валута во светот се тргуваше за околу 20.600 американски долари, што претставува раст на цената од 5,6 проценти, покажуваат податоците на компанијата Coin Metrics, зголемувајки го својот вкупен раст од почетокот на годината на повеќе од 180 проценти, пренесува CNBC.

Аналитичарите велат дека последниот скок на цените го предизвикале големите инвеститори како Пол Тудор Џонс и Стенли Дракенмилер. кои ги „селат“ своите средства во криптовалути, а и технолошките компании како „Сквер“ и „МикроСтратеџи“ се насочија кон купување биткоин.

Најновата рекордна вредност на биткоинот ги потсети многу набљудувачи на пазарот на огромниот раст од 2017 година, кога се приближи до цената од скоро 20.000 долари, проследено со стрмен пад следната година на ниво од приближно 3.000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП