20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради скандалот Pornhub избриша повеќе од 10 милиони видеа

Поради скандалот Pornhub избриша повеќе од 10 милиони видеа

Наводно, на веб-страницата Pornhub можело да се најде содржина на која биле снимки на односи со малолетни лица, како и сцени на насилство. На ваквите видеа тешко може да им се влезе во трага затоа што секој анонимен профил може да објави видео.

Pornhub направи драстичен потег – избриша над десет милиони видеа од својот сервис, што сочинува околу 80 проценти од нивната содржина. Тие се одлучија на ова заради скандалот што се случи неодамна.

Имено, како што пишува Tech Crunch, сè започна кога Њујорк Тајмс објави коментар за тоа како Pornhub е полн со видеа во кои се случува вистинско силување.

Исто така, напишано е дека веб-страницата Pornhub содржи снимки на односи со малолетни лица, како и сцени на насилство.

По репортажата на Њујорк Тајмс, двете најсилни компании за банкарски картички, Visa и Mastercard, ја откажаа соработката со овој порнографски гигант.

Така, Pornhub беше принуден да „исчисти“ добар дел од содржината, а на страната останаа само видеа од проверени партнери и корисници.

“Јасно е дека Pornhub е под напад, не поради нашите политики и правила и како ние стоиме во споредба со нашите конкуренти, туку затоа што сме страница со содржина за возрасни. Тоа се истите сили кои 50 години ги демонизираа Playboy,, ЛГБТ правата, правата на жените, па дури и американската библиотека – се вели во изјавата на Pornhub, пренесува BuzzFeed News.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП