15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФајненшл тајмс ги награди основачите на Бионтек: ВАКЦИНАТА им донесе титулата ЛИЧНОСТ...

Фајненшл тајмс ги награди основачите на Бионтек: ВАКЦИНАТА им донесе титулата ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА на брачната двојка

„Фајненшл тајмс“ (ФТ) ги именуваше основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, д-р Угур Шахин и неговата сопруга, д-р Озлем Туречи, за личности на годината, пренесува Анадолија.

„Двојката постигна извонреден научен и комерцијален успех со развивање на вакцината против Ковид-19 за помалку од една година“, напиша ФТ.

Со развојот на првиот кандидат за ефикасна вакцина против коронавирусот, двајцата турско-германски научници кои го постигнаа овој голем успех го привлекоа вниманието на целиот свет.

„Како креатори на првата вакцина одобрена од двете најдоверливи регулаторни тела во светот, ФТ наградата за личност на годината им припадна на Шахин и Туречи. Тие се симбол на научна и комерцијална приказна за успех“, објави Фајненшл тајмс.

Шахин и Туречи се деца на имигранти од Турција кои се доселиле во Германија во 60-тите години на минатиот век.

Шахин, кој е роден во Искендерун, Турција во 1965 година, пристигнал во Германија како четиригодишно дете, каде што неговиот татко работел во фабрика за автомобили. Студирал медицина на Универзитетот во Келн и работел неколку години во Медицинскиот центар на Универзитетот во Сарланд.

Туречи е ќерка на турски лекар кој емигрирал во Германија од Истанбул. Студирала медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сарланд и направила пионерски чекори во областа на имунотерапија против карцином во Германија.

Двојката го основаше Бионтек за развој на технологија за индивидуализирани имунотерапии против рак.

Набргу по појавата на коронавирусот во Вухан, Кина, Шахин и Туречи решија да го искористат своето знаење за технологијата за “messenger RNA” (mRNA) за зајакнување на имунитетот и спречување на инфекции од Ковид-19 како дел од проектот што го нарекоа “Project Lightspeed”.

Во средината на јануари, компанијата соработуваше со американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ за развој на потенцијална вакцина за ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП