26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото достигна ново највисоко ниво во однос на американскиот долар

Еврото достигна ново највисоко ниво во однос на американскиот долар

Еврото ја достигна највисоката вредност во однос на американскиот долар од април 2018-та година, регистрирајќи го своето трето последователно дневно зголемување денес.

Девизниот курс на единствената европска валута во моментов движи на нешто помалку од 1,22 евра за долар.

Само од почетокот на денешната сесија, „зелените пари“ изгубија 0,3% од својата вредност.

И покрај растот на новозаболени со Ковид-19 во многу европски земји, вклучително и економските „локомотиви“, како Германија и Холандија, еврото продолжува да се засилува.

Во следните недели, неколку вакцини против Ковид-19 се очекува да бидат одобрени на Стариот континент и масовната вакцинација да започне на почетокот на следната година.

Што се однесува до учесниците на пазарот од другата страна на Атлантикот, денешниот фокус е главно на состанокот на Федералните резерви и одлуките на институцијата за каматните стапки и иднината на монетарната политика.

Засега, очекувањата се дека нема да бидат објавени промени на денешната прес-конференција на ФЕД. Сепак, инвеститорите чекаат насоки за следните чекори на институцијата.

Оптимизмот на „Вол Стрит“ во текот на изминатите неколку недели најмногу се должеше на очекувањата за договор меѓу демократите и републиканците во Конгресот за давање зелено светло на новиот стимул од владата од 1,4 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП