29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании пандемиските мерки ќе ги „платат“ со милијарди евра

Германските компании пандемиските мерки ќе ги „платат“ со милијарди евра

Германското здружение на малопродажни компании „HDE“ очекува дека германските трговци од кои повеќето треба да ги затворат своите продавници од денеска, ќе загубат повеќе од шест милијарди евра од продажбата пред Божиќ во споредба со минатата година.

„Крајот на годината, обично најсилната фаза на продажба, се претвора во фијаско за многу трговци“, рече директорот на „HDE“, Стефан Гент.

„HDE“ очекува продажба од нешто помалку од 98 милијарди евра во ноември и декември, седум проценти помалку отколку во истиот период во 2019-та година.

„Иако се очекува малопродажбата на Интернет да порасне за скоро една третина, на нешто помалку од 20 милијарди евра, тоа нема да ги надомести загубите на традиционалните продавници, за кои се предвидува да бидат 14 проценти“, рече Гент.

На почетокот на ноември, индустриското здружение предвиде дека продажбата пред Божиќ ќе достигне скоро 104 милијарди евра.

Гент предупреди дека пандемијата се заканува да ги продлабочи поделбите во малопродажниот сектор на луксузни ланци за облека и победниците во кризата, кои ги вклучуваат онлајн продавниците и супермаркетите.

„Многу компании, особено во модниот сектор, се на работ на неликвидност“, додаде тој.

Без понатамошна државна поддршка, околу 50.000 продавници со околу 250.000 вработени може да не ја преживеат кризата.

Германската влада вети дека ќе им надомести на компаниите до 75 проценти од приходите врз основа на нивото од декември 2019-та година за да им помогне во втората половина од овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП