26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Бугарија е најсиромашнa земјa на ЕУ

Евростат: Бугарија е најсиромашнa земјa на ЕУ

Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиромашна земја во ЕУ, а зад неа е Хрватска.

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји членки се над просекот на ЕУ во однос на материјалната благосостојба на домаќинството.

Најбогат е Луксембург, кој е за 35 отсто над европскиот просек. Следува Германија со 22 отсто.

Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 отсто над просекот на ЕУ.

Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.

Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП