Американскиот индустриски конгломерат „General Electric“ оваа година ќе укине околу 600 работни места во Франција, наведуваат извори од компанијата и синдикатот.
„Планирани се 620 откази до крајот на годината или до првата половина на 2014-та година“, изјавил извор од синдикатот кој ги застапува француските работници од „GE“.
Од компанијата истакнуваат дека отказите од кој наголем дел ќе бидат во вид на доброволно заминување, им се неопходни за да се заштитат од конкурентноста.
Со оваа одлука најмногу ќе бидат погодени финансиските филијали на „GE“ каде се очекува да бидат укинати 400 работни места, а синдикатот кој ги застапува тие работници најави дека ќе се обидат да ја оспорат таа одлука на суд.
Според информациите компанијата „GE“ во Франција има вработено околу 11.000 работници.