27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПринцот Хари и Меган „најдоа“ работа на Спотифај

Принцот Хари и Меган „најдоа“ работа на Спотифај

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе создаваат и водат подкасти за стриминг услугата Спотифај.

Првиот подкаст на Хари и Меган ќе биде специјален празничен, составен од приказни за надежта и сочувството поврзани со новогодишната прослава, објави шведската компанија.

Според повеќегодишниот договор, нивната новоформирана компанија Archwell Audio ќе произведува програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот и ќе презентираат различни перспективи и ставови, се вели во соопштението на Spotify.

Подкастите ќе бидат достапни бесплатно преку Spotify, компанија која е лидер на пазарот за стриминг музика.

Spotify нуди повеќе од 1,5 милиони наслови на подкасти како што се „Мишел Обама Подкаст“ и „Мама знае најдобро“ од инфлуенсерот Едисон Реј и има повеќе од 320 милиони активни корисници месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП