4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа ги заоштрува мерките во пресрет на празниците

Европа ги заоштрува мерките во пресрет на празниците

Стравувајќи од нагло зголемување на инфицираните со коронавирус, во текот на претстојните празници, неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Холандија и Велика Британија, ги засилија мерките против пандемијата, додека карантинот беше претворен во полициски час во Франција.

Делумниот карантин во Германија започнува денес (среда) и ќе трае најмалку до 10 јануари.

Холандија воведува карантин пет недели од оваа недела, до 19 јануари. Во тој период, сите продавници со секундарна стока, како и училиштата ќе бидат затворени. Супермаркетите и аптеките остануваат отворени.

Во Велика Британија, одредени области, вклучувајќи го Лондон и делови од југо-истокот на Англија, во среда ќе се префрлат на построги мерки, кои вклучуваат затворање на хотели, пабови и ресторани.

Франција денес го укина карантинот воведен пред месец и половина, но затоа ќе остане на сила полицискиот час, кој нема да важи само на Божиќ, 24 декември. Баровите, рестораните, театрите, кината, музеите и спортските сали остануваат затворени.

САД и Велика Британија започнаа кампања за вакцинација против коронавирусот, а германските власти денес не криеја дека едвај чекаат Европската агенција за лекови да ја одобри вакцината Pfizer-BionTec.

Агенцијата првично даде рок до 29 декември за донесување одлука, но под притисок на Германија, денес го премести за 21 декември.

„Целта е да добиеме одобрување пред Божиќ, а ние сакаме да започнеме со вакцинација пред крајот на годината“, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Германски Билд објави дека службите на канцеларката Ангела Меркел, исто така, вршат притисок врз Европската агенција за лекови и Европската унија за да ја забрзаат постапката за одобрување на вакцината за коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП