26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија ги намалува емисиите на јаглерод со проекти од 30 милијарди евра

Холандија ги намалува емисиите на јаглерод со проекти од 30 милијарди евра

Европската комисија (ЕК) одобри шема за намалување на емисиите на јаглерод во Холандија во вредност од 30 милијарди евра. Доделувањето на овие средства не е во спротивност со правилата на ЕУ за државна помош, се вели во соопштението на Брисел.

Според оваа шема, ќе се финансираат проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори, гасификација, како и употреба на индустриска топлина, топлински пумпи, зафаќање и складирање на јаглерод, производство на водород итн.

Изведувачите на овие проекти и примателите на државна помош ќе бидат избрани преку тендери.

Од посебен интерес ќе бидат проектите за електрификација, кои ќе придонесат главно за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Проценката на ЕК е дека сите овие проекти не можат да се реализираат без јавна поддршка. Помошта е пропорционална и ограничена до неопходен минимум, а нејзините позитивни ефекти ги надминуваат негативните во врска со нарушувањата на конкуренцијата, бидејќи критериумите за подобност се широки и во однос на позадината на конкуренцијата.

Корисниците ќе добијат поддршка преку договор со променлива премија во траење до 15 години. Плаќањата ќе се прилагодуваат врз основа на пазарната цена во текот на целиот рок на договорот за поддршка.

Фондот ќе работи до 2025-та година, се вели во соопштението на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП