1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ нема да ги продава „Lamborghini“ и „Ducati“

„Volkswagen“ нема да ги продава „Lamborghini“ и „Ducati“

„Lamborghini“ и „Ducati“ остануваат во семејството на групацијата „VW“, ова стана јасно по состанокот на Надзорниот одбор на германскиот автомобилски концерн, кој исто така го одобри трансферот на „Bentley“ под контрола на „Audi“.

Одлуките беа донесени по повеќемесечни гласини дека групацијата „VW“ ќе ги продаде двете италијански компании за да обезбеди нови финансиски приходи и да постигне поголема ефикасност во производството. Исто така, се тврди дека концернот барал купувач за „Bentley“, но ова исто така се покажа како неточно.

На состанокот беше одлучено дека од 1-ви март 2021-ва година „Audi“ ќе го преземе управувањето со „Bentley“. Според Управниот одбор, од слично преструктуирање ќе имаат корист двете компании на патот до електрификација. Британскиот производител на луксузни автомобили ќе ги намали своите фиксни трошоци за 5% од 2023-та година, како и материјалните трошоци за 7%.

Сепак, не е исклучена можноста „Lamborghini“ и „Ducati“ заедно со „Italdesign“ да бидат обединети во една структура. Веројатно ќе биде раководена од Штефан Винкелман, кој минатиот месец се врати на чело на „Lamborghini“, компанијата што ја водеше од 2005-та до 2016-та година. Во исто време, тој ја задржа својата функција како извршен директор на „Bugatti“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП