29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД воведоа санкции против Турција, причина купувањето на рускиот ракетен систем „С-400

САД воведоа санкции против Турција, причина купувањето на рускиот ракетен систем „С-400

САД вчера воведоа санкции против турскиот Секретаријат за одбранбена индустрија, неговиот директор Исмаил Демир, како и некои други вработени.

Причината е купувањето на рускиот ракетен систем „С-400“, соопшти Министерството за финансии на САД.

Санкциите вклучуваат забрана за добивање дозвола за извоз во САД, како и замрзнување на имотот, но и визни рестрикции за директорот Демир и уште тројца вработени, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД ѝ ставиле јасно до знаење на Турција дека купувањето на рускиот систем „С-400“ ќе ја загрози безбедноста на американската воена технологија и на персоналот.

Тој ја повика Турција да го реши прашањето со ракетниот систем во координација со САД, пренесува „Ројтерс“.

Пред објавувањето на санкциите, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, рече дека заканата е вознемирувачка.

„Очекуваме поддршка од нашиот сојузник во НАТО, САД, во борбата против терористичките организации и силите што имаат планови за нашиот регион, а не санкции“, истакна Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП