26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхридска банка со нова современа експозитура во центарот на Скопје

Охридска банка со нова современа експозитура во центарот на Скопје

SONY DSC

Охридска банка со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите клиенти и пријатна работна атмосфера за вработените, отвори нова експозитура во строгиот центар на град Скопје, на површина од 300 м2.

Новата експозитура ја отворија директорот на Сосиете Женерал за Европа  Жанлука Сома и претседателот на Управен одбор на Охридска банка Јитка Пантучкова, во присуство на почесни гости, стопанственици и вработени.

Според Пантучкова оваа експозитура претставува значајна инвестиција на Охридска банка од повеќе причини.  Таа, како што додаде, е десетта експозитура во главниот град Скопје, таа е носечка експозитура за работа со население, нуди удобен сервис за нашите клиенти на површина од 300м2, опремена е со сефови и ги има имплементирано нормативните стандарди на Сосиете Женерал од аспект на безбедност.

– И покрај кризата во Европа, патот на Охридска банка, во изминатите шест години, е одбележан со успех под покривот на Сосиете Женерал. Банката ја модернизираше понудата за население и претпријатија, управувањето на односите со клиентите и ги подобри перформансите квалитативно и квантитативно. Отворањето на оваа референтна експозитура го потврдува цврстото позиционирање на Охридска банка на пазарот, речее Жанлука Сома.

Деловната мрежа на Охридска банка брои 27 експозитури, од кои 10 во Скопје, а останатите во градовите во внатрешноста.

Охридска банка по повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје донираше два клима уреди на градинката „13 Ноември“ што се наоѓа во непосредна близина на експозитурата, како и две монографии од нумизматичката збирка за библиотеката на средното училиште „Јосип Броз Тито“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП