Германскиот производител „Mercedes-Benz“ постави цел, во 2022-ра година да продава 8 целосно електрични автомобили од семејството „EQ“. Два од нив – „EQV“ и „EQC“, веќе се на пазарот, а сега компанијата ги открива своите планови за другите 6 – „EQA“, „EQB“, „EQE“, „EQS“, „EQE SUV“ и „EQS SUV“.
Всушност, производството на еден од нив – „EQA“, веќе започна во фабриката во Раштад (Германија). Компактниот електричен џип ќе биде прикажан на 20-ти јануари, а ќе се склопува заедно со конвенционалните „A-Class“ (хечбек и седан), „GLA“ и „В-Class“. Производството на моделот во Кина ќе започне подоцна во 2021-ва година.
Склопувањето на вториот компактен кросовер во семејството – „EQB“, ќе започне следната година во фабриката во Пекинг, а неговата европска верзија ќе биде направена во фабриката на „Mercedes-Benz“ во Кечкемет (Унгарија).
Производството на моделот „EQS“ треба да започне во Зинделфинген, Германија, во првата половина од 2021-ва година. Ова е првиот модел на марката, изграден на новата платформа за луксузни автомобили. Конвенционалната „S- Class“ и нејзината верзија „Maybach“ се составуваат во истата фабрика на компанијата.
Во втората половина од 2021-ва година ќе биде објавен бизнис-седанот „EQE“, кој ќе се произведува во фабриките во Бремен (Германија) и Пекинг. После тоа, „Mercedes“ ќе прикаже уште два теренски модели – „EQE“ и „EQS“. Тие ќе се составуваат во Тускалуса (САД) на истата производна лента, кој сега се користи за стандардните кросовери „GLE“ и „GLS“.
Големата цел поставена од производителот од Штутгарт е дека во 2030-та година половина од продажбата на „Mercedes“ ќе биде во возила со хибриден или целосно електричен погон.