28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата во еврозоната останува имунизирана против вториот бран на Ковид-19

Индустријата во еврозоната останува имунизирана против вториот бран на Ковид-19

Индустријата во еврозоната останува имуна на ефектите од вториот бран на Ковид-19, бидејќи индустриското производство се зголеми за 2,1% на месечно ниво во октомври, според европскиот завод за статистика „Евростат“.

Во октомври 2020-та година сезонско прилагоденото индустриско производство исто така се зголеми во ЕУ – за 1,9% во споредба со септември. За споредба, во септември индустриското производство се зголеми за 0,1% во еврозоната и за 0,3% во ЕУ.

На годишна основа, сепак, производството се намали за 3,8% во еврозоната и за 3,1% во ЕУ.

Месечни податоци

Податоците покажуваат дека сите категории на производство бележат раст во споредба со септември, со исклучок на нетрајни производи за широка потрошувачка. Производството на капитални добра забележа најголем пораст од 2,6%.

Во еврозоната, производството на меѓупроизводи се зголеми за 2,1%, енергија за 1,8% и трајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка остана непроменето.

Во ЕУ, производството на капитални производи се зголеми за 2,6%, на меѓупроизводи за 2,1%, на трајни производи за широка потрошувачка за 1,3% и на енергија за 1,2%, додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка се намали за 0,4%.

Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемо зголемување е забележано во Белгија (+ 6,9%), Германија (+ 3,4%) и Словенија (+ 3,1%). Најголем пад е забележан во Данска (-5,8%), Грција (-3,0%) и Литванија (-1,7%).

Годишни податоци

Годишната споредба покажува дека во октомври производството на капиталните добра во еврозоната се намали за 8,2%, на нетрајните производи за широка потрошувачка за 2,1% и на меѓупроизводите за 1,3%, додека производството на трајни производи за широка потрошувачка се зголеми за 0,3%, а енергијата за 0,1%.

Во ЕУ, производството на капитални добра се намали за 7,1%, на нетрајните производи за широка потрошувачка за 2,4%, на енергија за 1,5% и на интермедијарните производи за 0,5%, додека производството на трајните производи за широка потрошувачка се зголеми за 2,3%.

Меѓу земјите-членки, најголем пад има индустриското производство во Ирска (-15,5%), Данска (-9,2%) и Франција (-4,3%). Најголемо зголемување е забележано во Белгија (+ 5,4%), Полска (+ 3,4%) и Хрватска (+ 2,8%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП