26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронaкризата ги „скрати“ платите во Европската унија

Коронaкризата ги „скрати“ платите во Европската унија

Кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19 и намалувањето на економската активност доведоа до зголемување на бројот на невработени работници и до зголемување на бројот на изгубени работни места без преседан, посочи статистичката служба на ЕУ, „Евростат“.

Оваа недела, службата ги презентираше првите резултати и истражувања за загубата на приходите на вработените за време на пандемијата.

Проценета загуба од медијалните приходи – износот до кој приходот на 50 проценти од вработените, во ЕУ се намалил за 5,2 проценти во оваа година во споредба со 2019-та година, додека вкупниот пад на платите од сите категории е 4,8 проценти.

Тој приход се намалил на нешто повеќе од 21.000 евра годишно во оваа година, враќајќи го на нивото од пред три години.

Оваа последица од кризата е многу нерамномерно распоредена меѓу земјите-членки и е особено силна за најранливите подгрупи на работното население, со ниски плати, чија загуба е поголема од три до шест пати од загубата на оние со високи плати во половина од земјите-членки на ЕУ.

Така, најголем пад на платите има во Хрватска (од минус девет до 13 проценти во споредба со 2019-та година, во зависност од висината на приходот), Грција (минус седум до 12 проценти) и Кипар (минус пет до 11 проценти).

Најмал пад на просечниот приход на вработените има во Летонија (минус 0,5 до два проценти), а нешто повисок во Унгарија и Шведска.

Владите на земјите-членки на ЕУ помогнаа во исплатата на платите и зачувувањето на работните места на краток рок, што го ублажи намалувањето на платите, а со тоа вкупната загуба на приходите во сите земји на ЕУ се намали за половина и во просек изнесуваше само два процента.

Така, во Хрватска, каде загубата е најголема во ЕУ, таа е намалена од околу 11 на околу пет проценти, во Франција од околу седум на околу три проценти и во Грција од околу седум на околу четири проценти.

Државната помош во Холандија целосно го откажа намалувањето на платите поради пандемијата, а во Данска, Летонија, Чешка и Унгарија, благодарение на тоа, падот е само околу еден процент.

„Евростат“ објасни дека следат три вида промени: отпуштање на вработени и необновување на договорите за вработување, испраќање на принуден одмор со загуба на приход и скратување на работното време со намалување на платата. Во исто време, ранливите социјални групи се изложени на поголема загуба на приходот и зголемен ризик од сиромаштија, посочи „Евростат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП