Едуфронт во поддршка на наставниците од основно образование започна со оддржување на отворени и бесплатни часеви за Scratch. На првиот отворен настан присуствуваа 198 наставници од првиот и вториот образовен период од основно образование кои покажаа особен интерес за програмирање со програмскиот јазик Scratch. Од страна на професионалните едукатори од ЕДУФРОНТ беа презентирани функционалностите на Scratch при што сите присутни имаа можност и да почнат со изработка на програми. Целосно видео од отворениот час може да се најде на YouTube каналот на Едуфронт.
Воведниот час во програмирање и Scratch наменет за одделенски наставници беше стимул за повеќе стотина наставници. На самиот отворен час беше покажано како да се спроведе Воведна активност на часот за воведување нови поими и дефиниции. Потоа беше презентиран пример на активност која може да им помогне на учениците да разберат како треба да се задаваат наредби и низа од наредби како основа на секоја компјутерска програма. Во вториот дел од часот се даде одговор на прашањето – Што е Scratch и Како се работи на Scratch веб страната. Потоа се премина на разгледување на визуелната интегрирана околина на Scratch и изработка на проект во Scratch.

