2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе намалуваат загубите на Air France-KLM

Се намалуваат загубите на Air France-KLM

airfrance_klm_1

Француско-холандскиот авиопревозник „Air France-KLM“ соопшти дека ја намалиле нето-загубата во првата половина од година.

Од „Air France-KLM“ истакнуваат дека дополнителните мерки за штедење кои ги превземале помогнале тие да се извлечат од минусот.

Компанијата во моментов поминува низ процес на реструктуирање за да може да се избори со се поголемиот број нискобуџетни авиокомпании и со конкуренцијата од Блискиот Исток и Азија.

„Air France-KLM“ соопшти дека во првата половина од годината нето-загубата изнесува 783 милиони евра во однос на загубата од 1.27 милијарди евра во првите шест месеци од 2012-та година.

Во вториот квартал загубата изнесуваше 163 милиони евра во однос на загубата од 897 милиони во истиот период од минатата година.

Компанијата во вториот квартал забележала дури и профит во работењето од 79 милиони евра, по загубата од исто толку во второто тромесечие од 2012-та година.

„Air France-KLM“ минатата година започна со комплициран план за обновување кој резултираше со 5.000 откази во компанијата во која се вработени околу 100.000 работници. Растот на платите е замрзнат, а флотата е намалена.

Компанијата истакнува дека нејзиниот долг е намален за повеќе од 600 милиони и сега изнесува 5.3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП