4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот „Mustang“ пристигна во Европа (ФОТО)

Електричниот „Mustang“ пристигна во Европа (ФОТО)

На фотографиите се прикажани примероци наменети за клиенти во Норвешка, земја со најмногу електрични возила по глава на жител.

Возилата прикажани на фотографиите, сепак, не се првите кои пристигнуваат во оваа скандинавска земја. Имено, детективот на Ford „Norway“, Пер Гунар Берг, во септември возеше „Mustang Mach-E“ од Осло до Трондхајм за промотивни цели, минувајќи 484 километри пат без запирање.

Кога пристигна на крајната дестинација, индикаторот за полнење на батеријата на автомобилот покажа 14% капацитет. На тој начин, Берг сакаше да покаже колку е автономен овој модел во реални услови.

Патем, европската верзија на „Mustang Mach-E“ беше претставена пред јавноста во февруари 2020-та година. Според фабричките податоци, радиусот на автомобилот е 600 км, мерен според циклусот „WLTP“, а станува збор за верзија со погон на задните тркала.

Од „Ford“ велат дека автомобилот може да се полни на брзи полначи „IONITY“ со моќност до 150 kW, што гарантира дека по 10 минути полнење на батеријата, возилото може да помине уште 100 км.

Инаку, „Ford Mustang Mach-E“ се произведува во Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП