28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја одобри вакцината на Фајзер, вакцинацијата ќе започне во наредните денови

САД ја одобри вакцината на Фајзер, вакцинацијата ќе започне во наредните денови

Американската администрација за храна и лекови (FDA) издаде дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Фајзер и германскиот Бионтек.

Извештајот на Си-Ен-Ен потсетува дека оваа вакцина покажала ефикасност од 95%, и дека првите вакцинации ќе започнат во наредните денови и дека детерминантата „за итна употреба“ значи дека препаратот може да се користи во итни ситуации, но дека сè уште нема целосен сертификат и целосно одобрување на властите, за што Фајзер ќе треба да достави посебно барање до FDA.

Пред почетокот на масовната вакцинација, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC) и Советодавниот одбор на САД за превенција и имунизација мора да дадат препорака за анти-ковид препаратот на Фајзер, по што CDC ја усвојува последната препорака и дава зелено светло за започнување на вакцинацијата.

Вакцинацијата се очекува да го смени текот на пандемијата во Соединетите Држави, каде што досега починаа повеќе од 295 000 ковид пациенти.

„Ова е уште еден чекор во низата чекори кои водат до завршетокот на оваа пандемија“, рече Амеш Адаjaа од Одделот за здравство и здравје на Универзитетот Џон Хопкинс.

Покрај Велика Британија, која прва одобри употреба на вакцината Фејзер, официјални дозволи за употреба на вакцината Фејзер се издадени во Мексико, Бахреин и Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП