1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриено што одредува дали ќе имате полесен или потежок облик на корона:...

Откриено што одредува дали ќе имате полесен или потежок облик на корона: Сè зависи од генот!

Научна студија во Велика Британија укажува на тоа дека пет гени се поврзани со најтешките форми на Ковид-19 и дека неколку постоечки лекови може да се користат за лекување на луѓе кои се изложени на ризик да станат сериозно болни, пренесува Ројтерс.

Научниците проучувале ДНК на 2.700 пациенти сместени во 208 одделенија за интензивна нега низ Велика Британија и заклучиле дека пет гени поврзани со два молекуларни процеси, антивирусен имунолошки одговор и пневмонија, имаат клучна улога во многу тешки случаеви.

Студијата објавена во списанието „Nature“, делумно објаснува зошто некои луѓе развиваат тешки форми на Ковид-19, а исто така укажува на лекови кои може да се користат како терапија и кои треба да се тестираат како дел од клиничките испитувања.

Се работи за антивирусни и антиинфламаторни лекови, меѓу кои JAK инхибиторите се истакнуваат како најмоќни, истакнуваат авторите на студијата. Инхибиторите на ЈАК се користат во третман на рак и воспалителни болести, како што е ревматоиден артритис.

Тимот наведува дека стимулирање на активноста на генот INFAR2, еден од петте кои играат клучна улога во развојот на тешки форми на Kовид-19, може да создаде заштита од вирусот, бидејќи најверојатно може да го имитира ефектот на третманот со интерферон.

Сепак, најдобро е да ги следите препорачаните мерки – држете се на дистанца, носете маска и избегнувајте собири, тоа е единствениот начин да се спречи ширењето на епидемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП