28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардер откри која КНИГА му помогнала да се збогати

Милијардер откри која КНИГА му помогнала да се збогати

Бизнисменот и милијардер Марк Кјубан е страствен читател, до тој степен што во секоја прилика потенцира дека неговата љубопитност и постојаното учење биле клучни за неговиот успех во бизнисот.

Меѓу сите прочитани книги, една се издвојува затоа што, како што тврди, му помогнала да се фокусира на целите што си ги поставил на почетокот на својата кариера.

Тоа е книгата „Управување со американскиот сон: Како да се пензионираме на 35 години“ од Пол Терхорст од 1988 година, сметководител кој станал писател, во која детално опишува како можел да се пензионира на 35-годишна возраст.

Тврдењето за книгата е дека „ако можете да заштедите еден милион долари и да живеете како студент, би можеле да се пензионирате“, рече Кјубан, кој откако ја прочита оваа книга беше решен да заштеди секој денар.

„Мојата цел беше да се пензионирам затоа што сакав да си добијам своето време за себе. Тоа е единственото нешто за што нема да добиете втора шанса и јас бев подготвен да се откажам од многу за да го постигнам тоа што го зацртав“, рече тој.

За да заштеди пари, Kjубан открил дека кон крајот на 80-тите и 90-тите живеел јадејќи макарони и сирење и го возел „најлошиот можен автомобил“. Прво возел Fiat X1/9 со дупка во подот, а подоцна и Buick LeSabre од 1966 година.

По основањето на MicroSolutions во 1983 година, Кjубан тврди дека не бил на одмор цели седум години.

Иако првичната цел на Кjубан беше да се пензионира што е можно побрзо, тој никогаш не престана да работи дури и откако се збогати и стана милијардер. Тој во 1990 година ја продаде MicroSolutions на CompuServe за 6 милиони долари, во 1999 година го продаде Broadcast.com на Yahoo за 5,7 милијарди долари во акции, а во 2000 година Кјубан стана мнозински акционер на НБА клубот Далас Маверикс.

Денес, богатството на Кјубан се проценува на повеќе од 4 милијарди долари, тој е ѕвезда во „Shatk Tank“ на ABC и инвестира во широк спектар на индустрии од роботика, соларни панели до здрави колачиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП