11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Летаат“ откази во САД! Бројот на невработени никогаш не пораснал толку брзо,...

„Летаат“ откази во САД! Бројот на невработени никогаш не пораснал толку брзо, речиси милион нови

Бројот на неделни апликации на невработени Американци кои аплицираа за државни бенефиции за прв пат нагло скокна минатата недела на вкупно 853.000, што е значително над ревидираните податоци од 716.000 апликации поднесени во претходната недела, објави Министерството за труд на САД.

Економистите анкетирани од компанијата „Дау Џонс“ предвидоа дека 730.000 луѓе ќе аплицираат за помош, пренесува „CNBC“.

Ова е најголемиот вкупен неделен број нови барања за невработени од 19-ти септември и ја илустрира тешката состојба на пазарот на труд од неодамна, предизвикана од растот на новозаболени од Ковид-19, поради што локалните самоуправи и владите на некои сојузни држави повторно воведоа ограничувања во одредени активности.

Бројот на невработени кои веќе ја добиваат оваа поволност и бараат да им се даде постојана помош, исто така, се зголеми за 230.000, на 5,76 милиони, што е прво зголемување на тој број од крајот на август.

Пазарите на капитал реагираа малку на оваа вест, при што „Волстрит“ предложи малку пониска вредност на акциите при отворањето на тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП